Тони МЕНКИНОСКИ

АИРЛИЈА НЕКА Е!!!

Да разјасниме, јас не се чувствувам виновен за тоа што го развеав македонското сонце кое е симбол на мојот народ! Не се каам, а напротив се чувствувам достоен и горд како Македонец!!!

Немам намера да се спогодувам и да плаќам казни и глоби со кои сакаат да ме замолчат, а Вас да ве заплашат! Никогаш ние Македонците не сме им се плашеле на нашите душмани.

Нека се плашат оние кои сакаат да ни го забранат или премолчат македонското сонце од Кутлеш кое е вечниот симбол на македонскиот народ во Пиринот, Егејот, Вардарот, Гора, Преспа и секаде каде има Македонец достоен на своите корени.

Македонското сонце треба да стои на вашите балкони, дворови и улици, само така ќе покажеме чија е оваа земја и кој е овој народ.

ПС. Македонија на Македонците!!! Битката продолжува исто онака како во исечокот од филмот „ Најдолгиот пат“. Сто за вас една за нас!