Германската канцеларка Ангела Меркел, по повод договорот на земјите членки на ЕУ за финансискиот план за економско закрепнување, изјави дека „ЕУ е способна да дејствува заеднички, дури и во време на најголема криза, како и дека е подготвена да применува нови решенија во невообичаени околности“.
– Тоа е важен сигнал што го испраќаме надвор од границите на ЕУ, дека земјите членки, иако секоја засегната на поинаков начин, се способни да преземат акција, рече Меркел.
Меркел ова го рече на заедничка прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон.
Лидерите на ЕУ рано утрово постигнаа договор за планот за закрепнување и повеќегодишниот заеднички буџет од 1.824 милијарди евра, за периодот од 2021 до 2027 година.