Германската канцеларка Ангела Меркел очекува дека меѓу 60 и 70 проценти од населението во Германија ќе добие коронавирус.
Според германските медиуми, ова било кажано зад затворени врати на седница на ЦДУ.
– Ние се соочуваме со предизвик каков што досега сме немале. Главниот товар е на министерот за здравство Јенс Шпан. Тој одлично си ја врши работа. Кризата сè уште не е надмината“, рекла Меркел.
Нејзината анализа ја потврди и министерот Шпан, кој дополни дека 80 отсто од инфицираните низ болеста ќе минат без симптоми.