Германската канцеларка Ангела Меркел по се изгледа ќе патува без контроверзниот нацрт текст на средба со неколку европски лидери оваа недела во Брисел. Средбата е со цел да се разговара за имиграцијата и бегалците. Ова го објави италијанскиот премиер Ѓузепе Конте на неговата Фејсбук страница.
Во постот Конте потврдува дека нацртот за Италија би значел да не учествува на самитот.
Како и да е, како што вечерва објави „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, во телефонски разговор со него канцеларката рекла дека нацртот е „недоразбирање“. Исто така идејата за заедничко завршно соопштение е отфрлена од Конте.
„Состанокот ќе заврши без напишан текст, туку само со резиме за прашањата за кои ќе се дискутира на Европскиот совет наредната недела“, вели Конте и јасно става до знаење дека Италија не се поместува од своите позиции.
Овој мини самит, најавен вчера од Европската комсија на едно место ќе ги собере Германија, Италија, Франција, Малта и Шпанија.
Земјите од Вишеградската група во меѓувреме жестоко проетстираа на објавата на овој специјален самит за европската политика за бегалците. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки рече дека средбата е „неприфатлива“.
„Ние нема да учествуваме бидејќи тие сакаат да ги подгреат предлозите кои ние веќе ги одбивме“, изјави Моравјецки по средбата со неговите колеги од Чешка, Унгарија и Словачка.