На насловната страница на новиот број на неделникот Тајм што ќе биде во продажба од 2 јули ќе се најде фото-илустрација на уплакано дете на имигрантка од Хондурас, присилно одвоено од мајката, кое стои пред претседателот на САД, Доналд Трамп. На црвена позадина во аголот пишува „Добродојдовте во Америка“
Тајм наведува дека фотографијата (За Гети имиџиз) била на Џон Мур, добитник на Пулицерова награда, кој со години фотографира имигранти на граничните премини меѓу САД и Мексико.Се наведува дека една од фотографиите на Мур, е направена оваа недела, и е највидливиот симбол на имигрантската дебата во САД.

– Овојпат ми беше навистина тешко. Штом се беше завршено, тие беа уфрлени (имигрантите) во комбето. Морав да застанам и длабоко да земам здив неколку пати, вели Мур. Тој, исто така ја опиша својата реакција на местото на настанот каде што присуствувал, каде двегодишно девојче од Хондурас плаче додека нејзината мајка ја приведува полиција во пограничниот град Мекален во Тексас.

– Се што сакав во тој момент беше да ја земам во моите раце. Но, не можев, рече Мур.
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша вчера извршна одлука имигрантските семејства кои нелегално ја преминале јужната граница на САД да им се овозможи да останат со своите деца, додека чекаат исход од постапката за имиграција.

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Maтис рече дека Пентагон „ќе одговори, ако од нив се побара,” за да помогне во сместување имигранти приведени додека илегално преминувале на американско-мексиканската граница. Матис додаде дека Пентагон ќе поддржи се од Министерството за внатрешна безбедност што ќе се побара, нагласувајќи дека федералната агенција веќе има утврдено четирите воени бази за потенцијално привремено сместување приведени имигранти, вклучувајќи ги и децата без придружба.

– На насловната страница на новиот број на неделникот Тајм што ќе биде во продажба од 2 јули ќе се најде фото-илустрација на уплакано дете на имигрантка од Хондурас, присилно одвоено од мајката, кое стои пред претседателот на САД, Доналд Трамп. На црвена позадина во аголот пишува „Добродојдовте во Америка“. Тајм наведува дека фотографијата (За Гети имиџиз) била на Џон Мур, добитник на Пулицерова награда, кој со години фотографира имигранти на граничните премини меѓу САД и Мексико. Се наведува дека една од фотографиите на Мур, е направена оваа недела, и е највидливиот симбол на имигрантската дебата во САД.