Меркел прв пат јавно се појави со маска

/ 03.07.2020

Германската канцеларка, Ангела Меркел денеска за прв пат носеше маска во јавност откако претходно беше обвинета за лицемерие поради некористењето на ваквата заштита за време на пандемијата со корона вирус.

Меркел влезе во горниот дом на Парламентот носејќи црна маска со натписот ЕУ 2020, посветена на шестмесечното претседавање на Германија со унијата кое започна на 1 јули.

Германската влада наложи задолжително носење на маска на некои од јавните места, а новинарите ја прашаа Меркел зошто никојпат не носи маска во јавност. Таа огдовори дека тоа не е потребно бидејќи го почитува правилото за држење растојание, но дека маска носи кога тоа не е возможно, како пример наведувајќи го пазарувањето кога е далеку од пред очите на јавноста.


Од истата категорија