Индиски државјанин заразил повеќе од 100 гости со коронавирус на неговата свадба, а по неколку дена починал. Непријатниот настан се случил во индиската држава Бихар.

На почетокот, 30-годишниот младоженец се чувствува добро, но на денот на свадбата, температурата му се зголемила. Тој предложил да се откаже свадбата, но неговото и семејството на невестата се спротивставиле поради огромните финансиски трошоци.

Свадбата се одржала на планираниот датум, а присуствувале повеќе од 350 гости. Два дена подоцна, младоженецот починал, а наскоро симптомите на коронавирус почнаа да се појавуваат кај гостите на свадбата.

Како резултат на тоа, 113 лица добиле позитивен резултат на тестот за КОВИД-19.