Портпаролот на германската влада откри дека канцеларката Ангела Меркел (66) примила втора доза вакцина против коронавирус, пишува Би-Би-Си.
Имено, Меркел ја прими првата доза на вакцина АстраЗенека во април, а пред неколку дена ја добила и втората доза на вакцината Модерна.
Експертите веруваат дека мешањето дози на вакцината против коронавирус може да биде добра идеја, но тие исто така истакнуваат дека е рано да се потврди ова со сигурност. Истите експерти немаат проблем со тоа што ниту една вакцина не ги помина регуларните фази за клиничко испитување, но тогаш не рекоа дека тоа не е добра идеја.
Поентата на различните вакцини во две дози е да се постигне поголем ефект кај организмот, а истовремено да се избегне евентуално организмот да ја нападне втората доза и да не и дозволи да прозиведе дејство. Затоа двете дози на руската Спутник се разликуваат, односно имаат различен носач.
Досега се спроведени неколку студии за вакцинирање луѓе со две различни дози на вакцината.
Едно истражување во Велика Британија покажало дека возрасните пријавиле лесни до умерени несакани ефекти по мешањето на дозите на AstraZeneca и Pfizer, додека некои земји прибегнале кон вакцинирање на населението со различни дози поради проблеми со недостиг на вакцини.
Германија во март престана да ја вакцинира својата популација со AstraZeneca, откако беа пријавени случаи на згрутчување на крвта.
Дојче веле тогаш напиша дека само луѓето над 60 години ќе примаат вакцина АстраЗенека во Германија, но сите возрасни сега можат да се вакцинираат со неа.
По бавниот почеток во Германија, вакцинацијата се забрза во последните неколку недели, со повеќе од половина од населението вакцинирани со првата доза.