Сите штандови за продажба на прехранбени и земјоделски производи од пазарот на мало во ГТЦ „Глобал“ се префрлени на отворениот пазар „Чешел“, информираат од ЈПКД „Комуналец“ од Струмица.

ГТЦ „Глобал“ е затворен по препораките на Владата, а на пазарот на отворено граѓаните ќе можат да се снабдат со потребните производи.

Од „Комуналец“ апелираат до сите граѓани да се однесуват одговорно, да излегуват од дома само по потреба, да се одржува лична хигиена, да избегнуват правење метеж со што ќе дадат придонес во превенцијата од ширење на коронавирусот.