Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко имал душевна болка бидејќи бил наречен „најкорумпиран и најнеморален“ и лице кое ја дели партијата ДУИ, сведочи тужениот стружанец Беќим Ќоку, објави Макфакс.
Мерко, погоден од зборовите на сограѓанинот, правдата ја барал пред струшкиот суд, во кој сега се прави вонреден надзор бидејќи Стејт депарментот посочи дека градоначалникот влијаел врз судски предмети.
Градоначалникот, минатиот месец бил во контакт со психијатарот Изабела Филов, која на девет страници пишува за вознемиреноста, немирот, стресот и притисокот по написот за неговата корумпираност.
Еден месец по психијатриското вештачење за Мерко, стигна одлуката со која тој да се најде на т.н. црна листа на САД поради корумпираност.
Мерко го тужи Ќоку за клевета и навреда.
„На ден 10.03.2023 година, тужениот, преку објавување на текст на интернет порталот „Вокс Струга“, спрема тужителот сторил груби клевети и навреда…. Видно од јавно објавениот текст, упатените зборови од страна ан тужителот (нз) испишани со недоличен речник, а кои ќе ги цитираме подолу во рефератот на оваа тужба претставува клевета и навреда со кои се нарушува честа и угледот на тужителот“, стои во поднесената тужба преку битолскиот адвокат Игор Петковски.
Целиот текст може да го прочитате ТУКА.