Стратува отстранувањето на платформите долж Охридското Езеро во Струга. Досегашните концесионери започнаа сами да ги отстрануваат градбите откако во петокот добиле решенија станува збор за 6 објекти додека останатите имале одобренија. Според градоначалникот Мерко, платформите не се дивоградби, туку се работи за солидарност со Охрид за да не го загуби статусот пред УНЕСКО.
Што сe oднесува пак до Радожда посочи дека таму нема да се урива бидејќи крајбрежјето е уредено во насока на развој на туризмот.
Дел од сопствениците на објектите велат дека ваквата одлука е избрзана и дека требало истата да се реализiра по летната сезона.
Во однос на извештајот на државниот ревизор Мерко тврди дека дивоградбите се пред 2011 година и сите имаат предмети за легализација, и не се во заштитниот појас.
Инаку во извештајот на Унеско се наведува дека токму нелегалните градби го загрозуват статусот на Охридскиот регион и се закана да се најде на листата светско наследство во опасност.