Градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко, за време на рамазанските пости забранил во седитштето на општинската администрација да се внесува храна и пијалоци и да се пуши.
Во наредбата што е истакната и упатена до сите вработени во општинската администрација гласи:
„Се забранува носење храна, пијалоци и пушење по канцеларии за време на рамазанските пости“.
Наредбата е објавена на македонски и албански јазик.