Првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси повика да се стави крај на бурниот период и несогласувањата со управата. Тој апелира навивачите да бидат со тимот.
– По толку многу несогласувања, сакам да му ставам крај на сето ова. Секој што и припаѓа на Барселона мора да остане обединет и да знае дека најдоброто претстои. Комбинацијата на страст и мотивација е единствениот начин да се постигнат целите, ние секогаш мора да бидеме обединети и да се движиме во иста насока. Признавам дека сум одговорен за сопствените грешки. Ако не бев во право, тоа беше со цел да ја направам Барселона подобра и посилна. Сакав да испратам порака до сите навивачи на тимот. Ако во некој момент некој од нив се изнервирал од моите зборови или постапки, тогаш сакам да ги остават своите сомнежи. Отсекогаш го сакав најдоброто за Барселона, порача Меси.
Летото Меси ја објави својата желба да го напушти каталонскиот клуб, но управата одби да го раскине договорот со 33-годишниот Аргентинец. Подоцна фудбалерот најави дека ќе помине барем уште една сезона со тимот.