Петкратниот освојувач на „Златната топка“ Лионел Меси ја почнува својата 15-та кампања во Лигата на шампионите со Барселона. Вечерва, „каталонците“ го пречекуваат ПСВ Ајндховен во првиот меч од групата „Б“, каде што се и Интер и Тотенхем.
Денешниот ривал на тимот е еден од ретките на кои Меси не им постигнал гол. Ако го стори тоа, тоа ќе биде негова 30-та жртва во Лигата на шампионите. Лидер според показателите за постигнати голови на најголем број тимови во турнирот е легендата на Реал Мадрид – Раул Гонзалес Бланко – со 33 тима. Кристијано Роналдо пак се запишал во листата на стрелците против 32 противници.
Рубин Казан, Атлетико Мадрид, Интер, Ливерпул, Бенфика и Удинезе се исто така тимовите против кои Меси не постигнал гол.
Меси дебитираше во 2003/2004 во најпрестижниот клупски фудбалски турнир на Стариот континент, и постигна гол во секоја сезона во која учествуваше – вкупно 100 гола во 125 натпревари.
Тоа го рангира Аргентинецот на второ место на вечната листа кај стрелците на турнирот, со 25 гола помалку од напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо.
Најмногу погодоци генијот од Росарио има во сезоната 2011/2012 – 14. Тој исто така успева да го крене трофејот цели четири пати во дресот на „каталонците“ – во 2006, 2009, 2011 и 2015 година.
Арсенал, од друга страна, е омилена жртва на Лео, со девет гола во шест натпревари. Меси постигна цели четири во еден меч против „топџиите“ при успехот со 4:1 на „Камп Ноу“ во четвртфиналето на турнирот во 2009 / 2010 година. Против Баер Леверкузен, Меси има најмногу погодоци во натпревар – 5.