Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, рече дека е горд на освојувањето на рекордната седма „Златна топка“, по врачувањето на наградата за најдобар фудбалер во 2021 година на синоќешната церемонија во Париз.
– Навистина сум горд што уште еднаш ја освоив „Златната топка“ на „Франс фудбал“. Чувството да се освои оваа награда по седми пат е неверојатно. Сакам да им се заблагодарам на моето семејство, пријателите и на сите, кои насекаде ме следат и ме поддржуваат, бидејќи без нив ова немаше да го постигнам, изјави Меси.
– Не знам уште колку години ми преостануваат да играм фудбал, но се надевам дека ќе бидат уште многу, бидејќи многу се забавувам, додаде 34-годишниот Аргенинец.