Станаа познати условите од договорот помеѓу поранешниот напаѓач на Барселона, Лионел Меси и францускиот фудбалски гигант ПСЖ.
– Триесет и четиригодишниот Аргентинец ќе потпише договор со парискиот клуб до летото 2023 година со опција за продолжување на една сезона. Платата на Меси во ПСЖ ќе биде 50 милиони евра годишно, вклучувајќи бонуси, објави познатиот италијански новинар Николо Шира.
Досегашниот и единствен клуб во кариерата на Меси, Барселона вчера ја информира јавноста дека Аргентинецот ќе го напушти тимот.