Навивачите на Аргентина им приредија дочек на фудбалерите по враќањето во земјата по завршување на СП и поразот во финалето.

Но, меѓу играчите го немаше капитенот Лионел Меси, кој со приватен авион замина кон родниот Росарио.

Првиот фудбалер кој се појави пред присутните, веднаш по претседателот на Аргентинската фудбалска федерација, беше заменик-капитенот Николас Отаменди.