Лионел Меси ја започна сезоната во Примера на брилијантен начин, откако ја изведе Барселона до успех со 3:0 против гостите од Алавеш.
„Ла Пулга“ ги изведе каталонците со капитенската лента за прв пат во натпревар од првенство, откако ја наследи од Андрес Иниеста, а за несреќа на Баскијците, го покажа најдоброто од себе и постигна два гола, а погоди и две греди.
Десетката го постигна и голот број 6.000 во клубската историја на Барса во Ла Лига. Тоа беше и негов гол бр.384 во шпанската елита, а статистичарите веднаш пресметаа дека Лео постигнал 6.4 отсто од сите голови на „каталонците“ во највисокото ниво на локалната фудбалска пирамида. Подоцна, тој постигна уште еднаш, зголемувајќи ја својата сметка на 385 гола.
Меси исто така беше автор на голот бр. 5.000 во 2009 година. Голот бр. 4.000 беше одбележан од Гиљермо Амор во 1996, бр. 3.000 беше дело Кини во 1982 година, Педро Томас Саба го постигна 2.000-тиот гол во 1964 година, бр.1.000 беше реализиран од Маркос Аурелио во 1950 година, а бр.1 – од Мануел Парера во 1929 година.