Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, призна дека се чувствувал убаво кога играше против Кристијано Роналдо додека тој беше дел од Реал Мадрид.
Триесет и четиригодишниот Португалец се пресели во Јувентус летото 2018 година.
– Бев задоволен што играв против Роналдо, иако беше тешко. Сакав да освојувам трофеи кога тој беше во Реал. Би било добро да продолжеше да игра за мадридскиот клуб.
Во сегашната сезона, Роналдо одигра 36 натпревари за Јувентус, постигна 24 гола и оствари 10 асистенции.
Меси настапи на 37 средби за Барселона, постигна 39 голов и запиша 16 асистенции.