Тренерот на Барселона Ернесто Валверде во детали зборуваше за повредата на лидерот на тимот Лионел Меси, кој доби фрактура на раката на натпреваро против Севилја, каде победија со 4:2.
Аргентинецот ќе отсуствува околу три недели, што значи дека пропушта шест натпревари за Каталонците, вклучувајќи го и „Ел Класико“ и двата дуела од Лигата на шампионите со Интер.
– Секој знае колку е важен Меси за нашиот тим. Ние ќе мораме да се справиме без него. Барселона има доволно ресурси во однос на играта и покрај фактот што нашите претстојни ривали се многу силни. Не можам да кажам многу за тоа како Барселона ќе изгледа без Меси, бидејќи тој ретко пропушта натпревари. Ние веќе игравме без него и се обидовме да се држиме до нашиот специфичен стил, рече Валверде по синоќешниот меч.