Тиери Хенри ја започна со пораз својата кариера како тренер, откако во дебито на чело на Монако, легендата на Арсенал загуби со 1:2 при гостувањето во Стразбур во натпревар од десетото коло на Лига 1.
Стразбур го отвори резултатот во 17-тата минута со голот на Адриен Томасон. Во средината на второто полувреме, тимот од Кнежеството остана со човек помалку кога Самуел Грандсир доби директен црвен картон. Во 84-тата Лебо Мотиба удвои за домаќините, а на самиот крај на натпреварот гостите стигнаа до почесен гол, дело на Јури Тилеманс од пенал.
На овој начин, Монако продолжува со кризата и по заминувањето на претходниот тренер Леонардо Жардим. Екипата забележа четврти последователен пораз и веќе е во зоната за директно испаѓање со само шест бода и само подобрата гол разлика од Гинган го остава тимот малку над дното од табелата.
Стразбур, од своја страна, сега е на шестата позиција со 15 бода.