Договорот на најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси истече. Формално, денес, на 1 јули Аргентинецот стана слободен агент.
Шпанските медиуми објавија дека страните се согласија да потпишат нов договор до 2023 година, но продолжувањето на соработката сè уште не е официјално потврдена.
Каталонскиот клуб разговараше за финансиските детали за договорот со Ла Лига и даночната служба за да избегне проблеми во иднина.
Меси е во Барселона од 2000 година. Дебитираше за главниот тим во ноември 2003 година.
Минатата сезона, 34-годишниот фудбалер постигна 30 гола и создаде девет асистенции на 35 натпревари во Ла Лига.
Лионел моментално игра за репрезентацијата на Аргентина на Купот на Америка.