Албанскиот претседателот, Илир Мета, преку статус на Фејсбук наведува дека денеска на земјата повеќе од било кога и требаат надеж и верба.

Тој апелира да се запре одливот на мозоци од Албанија, осврнувајќи се на растечкиот број на оние кои сакаат да ја напуштат земјата.

Според Мета, 92 отсто од студентите по медицина, 79 отсто од студентите по економија и 64 отсто од студентите по педагогија сакаат да ја напуштат земјата.

-Стоп за одливот на мозоци. Повеќе од било кога, денес Албанија има потребна надеж и верба, напиша Мета.

Тој деновиве повикувајќи се на податоците на Евростат, според кои неговата земја во 2019 година е на прво место во Европа според бројот на економски баратели на азил на 10 илјади жители, изјави дека „еден Албанец денес се чувствува многу побезнадежно од еден Сириец, Ирачанец или Авганистанец“

Оценувајќи ги како повеќе од загрижувачки податоци на Евростат, според кои во периодот 2014-2019 година, во некоја од земјите на ЕУ економски азил побарале 189.975 албански граѓани тој порача дека сега е време да се размислува и да се дејствува за Албанците.