Албанскиот претседател Илир Мета преку статус на Фејсбук, објави кон што се стреми, отфрлајќи ги сомневањата дека „може да има и други цели во политиката“.
„Залудно не се заморувајте од заговори! Јас сум претседател на Републиката и лидер на националниот суверенитет и единство, во одбрана на Уставот, слободата и демократијата! Тоа е мојот единствен проект до 24 јули 2022!, напиша Мета.
Мета во својот статус објаснува дека „до сега негова цел не биле ниту премиерот, ниту лидерот на опозицијата“.
„Но, од 2 март, слегов на плоштадот и ќе продолжам плоштад по плоштад низ цела Албанија, сè додека не ја вратиме волјата на народот врз секоја институција. Да, Владата треба да се плаши од народот, а не народот од Владата“, порачува Мета преку статус на Фејсбук.
Тој објавува видео запис од мирниот протест што тој го организираше на втори март, на кој според дел од медиумите присуствувале над 100.000 албански граѓани од сите делови на земјата, како и од САД, Велика Британија и други европски земји. Протестот мина мирно, без ни најмал инцидент