Македонскиот претставник во ракометната Лига на шампиони, екипата на Металург, денеска официјално ќе го промовира  наследникот на Лино Червар, на прес-конференција која ќе се одржи во 12 часот во ВИП салонот во салата „Автокоманда“.

Во отсуство на Хрватот, речиси една година тренер на Металург беше помошникот Александар Јовиќ. Под водство на Червар, македонскиот тим ги оствари најголемите успеси во историјата, со освојување на титулите во мак-ракометот, како и двојниот пласман меѓу осумте најдобри во Европа.

Червар во Металург пристигна во 2009 година, а во иднина ќе биде селектор на Хрватска, како и предводник на ППД Загреб.