Сакате да имаме решение? Рековте да понудиме решение? Еве ви едно0 и единсфено решение: Одете си од власт и спасете ја Македонија!

Со овие зборови пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Мицевски го заврши своето второ обраќање на денешната собраниска седница.

Самата собраниската расправа за изборот на нови министри попладнево продолжи со обвинувања меѓу власта и опозицијата, овој пат на теми во делот на капиталните инвестиции, странските инвестиции, евроинтеграцијата, локалните самоуправи.

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање рече дека нема да гласа за кој било од предложените кандидати за министри бидејќи премиерот Зоран Заев, како што рече, ништо не реализирал од Програмата „За живот во Македонија“. Според него, власта има најниски реализации на капиталните инвестиции, а годинава се 13 отсто, што е најниско, вели, во последните 50 години.

-За првите пет месеци од годинава имате реализација на капиталните известиции од 13 отсто што е најмалку во историјата на Македонија, рече Ѓорчев.

Се осврна и на ветувањето за почетокот на преговори со ЕУ при што го праша премиерот дали ќе даде оставка ако до декември не добиеме датум за преговори.

Заев реплицираше дека лажењето е одлика на неговата партија која, како што рече, ја уништи оваа држава, ја вратила во минатото, ја раскарувала и дома и надвор и оти нема право да зборува за ЕУ и за успесите на оваа Влада. Таа лекција е одржана, а беше пропратена со храбри чекори исклучително во полза на државата и иднината на оваа држава и беа признаени од целиот свет, а тоа е верификувано и од сите лидери на ЕУ, и од Могерини, и од Меркел.

-Се што требало државата завршила. Помал дел е завршен заедно со вас, прифатете го тоа, само што сега ова е Владата која ќе го чекира датумот за добивање и е заеднички и еве го декември пред нас, ќе ги отвориме поглавјата, ќе добиеме конечно членство во НАТО. Вие се залагате за демократските прозападни ориентации на нашата земја, барем израдувајте се на оваа работа, немојте тука поени да се обидувате да прокнижувате, оти немате никакво право заради тоа што ширите националистички политики кои дефинитивно прават провокации со соседите и не водат кон НАТО и кон ЕУ и не можете овде да ќарите поени и да билдате мускули овде, вие да го земете приматот за ЕУ. Не. Тоа вам не ви припаѓа. Шест месеци блокирање на почетокот, ќотек да напуштите да се смени власта и притоа да ја пречека цела руина, урнисана држава. Еве после две години Република Северна Македонија каде се наоѓа, рече Заев.

Јулијана Николова од ЛДП во обраќањето се осврна на нивниот лидер и кандидат за министер за локална самоуправа, Горан Милевски, кој е, рече, најдобар предлог за оваа функција, а во неговата работа приоритети ќе бидат зголемување на ингеренциите на општините, вклучувајќи ги и финансиските, зголемена децентрализација, потоа искористеноста на европските фондови и рамномерен развој и третман на општините, како и да му го даде значењето на ова Министерство кое го заслужува.

-Ќе покажеме инклузивност и ќе ја поканиме и опозицијата на соработка ако има конструктивни предлози, и што е важно заложбата за отворени листи на локалните избори. Сметаме дека тоа е вистински начин за политичка презентација и присуство на локалните избори, бидејќи тоа би било најефикасен начин за избор и на советници и на нивното учество во советите, рече Николова.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ се согласи дека треба подобрување на локалната самоуправа, но порача да не се направат стратешки грешки при изборот на концептот за тоа.

-Законот за локална самоуправа се носи со двотретинско мнозинство. Внимавајте што правите, консултирајте ја и опозицијата затоа што ова е држава на сите граѓани на Република Македонија. Треба реформа во локалната самоуправа, треба подобрување на можностите на општините да ги застапуваат и да им помагаат на граѓаните, но немојте да направите стратешки грешки во концептите. Немојте да се соочите со истото со кое што се соочивте со законот за попис. Што и да планирате со локалната самоуправа што ќе биде од полза на граѓаните ќе добие поддршка од нас, но она што ќе оди на штета на граѓаните, силно ќе наидете на отпор од сите пратеници на опозицијата во Собранието, рече Димовски и побара каков било план во делот за реформи во локалната самоуправа демократски и навремено да го споделат со колегите во Собранието.

Трајче Димков од ВМРО-ДПМНЕ рече дека реконструкцијата на Владата е доказ за нејзиното лошо работење, но разрешувањето и оставките на министрите, вели, не ги опфатило министрите со најголеми проблеми, а ниту тие кои се предложени, посочи, со чест на исклучоци, не се најдобар избор, како што е рече, предлогот за министерот за култура.

Оцени дека реконструкцијата е само општа формалност кога се е исто. Владата, рече, не може да се пофали ниту со резултати во реформите, а потфрлила и во исполнување на дадените ветувања на граѓаните.

-Најчесно и најдобро е да се повлечете сите и да почнеме од ново, да се рестартираме сите заедно и да тргнеме напред, рече Димков.

Премиерот Заев во својата реплика се осврна на резултатите на Владата како што е растот на просечните плати во приватниот сектор, а ќе следи и ново покачување, потоа неколкукратно подобрениот пласман на земјоделското производство кое вкупно производство бележи раст од 13,4 отсто,  за кое постигнати се, рече, и просечно повисоки цени, а го спомна и откупот на праските во Росоман во Руската Федерација во моемнтот, кој што е интервенција на Владата.

-Состојбите во државата и тоа како се подобрени во споредба со минатото. Сега субвенциите имаат вистинска политика, тие стигаат на време тогаш кога им требаат на земјоделците и стигаат кај индивидуалните земјоделски прозводители. Од обем од 140 милиони евра колку се во програмата за субвенции, една милијада и 800 милиони денари или 30 милиони евра повеќе пари одат кај индивидуалните земјоделски производители затоа што лимитиравме до 300.000 евра кај правните субјекти. Тие се драгоцена помош и имаат развојна компонента. Успесите на Владата се еклатантни, но сакаме поголеми успеси. Драгоцен период е пред нас. Преку оваа реконструкција после половина од мандат, две години имаме навршено, навстина влегуваме за да покажеме уште поголеми резултати од кои бенефит ќе видат и земјоделци, и работници, и стечајни работници и сиет во нашата земја, рече Заев.