Слугите на Заев денес се надминаа себе си. Законот за јавно обвинителство за амнестија на Заев, неговите соработници и слуги не помина. Законот за заштита на криминалот на Заев пробаа криминално да го донесат.Она што се случи потоа е врвот на недемократијата и она што западот го нарекува хибриден режим, изјави Никола Мицевски во име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по денешното скандалозно гласање во Собранието.
Бевме сведоци на погазување на демократијата и парламентот во Македонија. Замислете, Законот за јавно обвинителство кој беше ставен на гласање не го доби потребниот број гласови, односно гласаа само 74 пратеници, и ваквото гласање скандалозно и противзаконски беше поништено. Потоа без срам, после 10-тина минути, беше пак ставен на гласање спротивно на сите одредби од Деловникот. Како никаде на друго место, како никаде во друга демократија имавме гласање, поништување на легално гласање и резултат кој само затоа што не им се допадна беше поништено.
Според него ова е авторитарното владеење на дело и оти веќе ова не е демократија туку апсолутизам на деспотот Заев.
Оваа одлука на Собранието е неделовничка и противзаконита! Ваквиот закон кој не е донесен, не смее да биде потпишан од претседателот Стево Пендаровски. Го повикуваме да не дава легитимитет на вакво брутално кршење на законите и процедурите.
Значи, имаме закон кој Владата не го усвои на владина седница и дојде во Собранието, имаме закон кој по гласањето не беше донесен. Ако се легализира овој преседан тоа ќе биде огромен скандал. Нема друг пример на парламентарна демократија каде без процедура се поништува закон и без процедура се прогласува закон.
Ова ли се европските вредности за кои се бори Заев и оваа Влада во заминување? Ова го нема во ниту една европска држава. Ова се работи кои се повеќе не одалечуваат од европската определба и повикуваме и реакција на меѓународната заедница и осуда на ваквото антиевропско однесување.
Нелегалното гласање на кое денес посведочи јавноста е само уште еден доказ за криминалот на оваа власт. Тие им порачуваат на граѓаните дека газат закони, деловник, Устав, процедури, правила, волја на граѓани само за да бидат на власт, да можат да гласаат закони со кои се аменстираат криминалите на власта, со кои се задоволува аболицираниот криминалец Заев.
Затоа оваа лакрдија мора да заврши. Веднаш треба да се распишат изборите. Се друго е сламка за спас на Заев и неговите соработници.