По завршувањето на седница кординаторот на пратеничката група на ВМРО дпмне Никола Мицевски рече дека уставни измени не се прават врз основа на диктат од надвор.
Тоа е газење на достоинството на државата и газење на суверенитетот , потенцираше дека власта нема мнозинство и следен чекор треба да биде распуштање на ова Собрание.
Следно што треба да се случи е распуштување и да идеме да ги прашаме граѓани на предвремени парламентарни избори за тие да одлучат што ќе се случува во иднина, кажа Мицевски од прес-салата на Собранието пред медиумите, после прекинатата седница за уставните измени.