Денеска во Собранието се виде кој блокира, а кој е за членство во ЕУ. Со оваа порака премиерот Ковачевски се појави на прес конференција, по завршувањето на седницата за уставните измени.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема никакви аргументи, туку блокадата ја прават единствено поради лични интереси.

Одговарајќи на новинарско прашање, Ковачевски рече дека не исклучува можност за нова средба со Мицкоски, иако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште пред извесно време порача дека нови средби со власта нема да има, а единствените разговори би биле само за предвремени парламентарни избори.

„Денес, повторно е потврди дека единствената идеологија на ВМРО-ДПМНЕ е блокада и изолација, и тоа проевропски ориентираните граѓани нема да ниту да го заборават ниту да го простат. Ова блокирање, кое тие толку долго го заговараат нема никаква причина да се случи. ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека немаат никакви аргументи, дека немаа идеја за дискусија и дека не водеа дебата. Со огромна леснотија тие покажуваат дека се подготвени да ја блокираат европската иднина на граѓаните, само и единствено за лични цели, а против подобар и попросперитетен живот за граѓаните и остварување на стратешката цел полноправно членство во ЕУ на … Македонија“, вели Ковачевски.

Граѓаните заслужуваат да живеат во ЕУ, заслужуваат да живеат во … Македонија како членка на ЕУ, а не во туѓи држави, додаде премиерот Димитар Ковачевски и најави дека пасошите кои биле извадени само поради работа во странство ќе бидат вратени во земјите од коишто се земени.

„Дента кога ќе станеме членка на ЕУ, сите заедно ќе ги собереме сите пасоши кои нашите граѓани ги зеле со цел да работат и живеат во ЕУ и ќе им ги вратиме на земјите од коишто се земени, со оглед на тоа дека веќе нема да им бидат потребни, со цел остварување на нивните економски интереси“, рече премиерот одговарајќи на новинарски прашања.