Аудито од 130 илјади евра е на Филипче, тој што му го купил го потврди истото, ЈО мора да отвори постапка, изјави Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Енис Колашинац, газдата на фирмата Зобек мининг груп, кој го земала на лизинг луксузното ауди Q8 кажа дека истото го земале за Венко Филипче и дека истото сега се наоѓа во владение на претседателот на СДС. Колашинац не е било кој бизнисмен, тој е бизнисменот кој го снабдуваше ЕСМ со јаглен во време на СДС и бизнисменот кој заедно со Филипче и браќата Заеви се журкаа на Харис Џиновиќ во Дубаи, потенцира во изјавата Мицевски.
ЈО мора да отвори постапка против Венко Филипче. За ист ваков случај веќе има отворено постапка против Пеце Мирчевски, поранешен директор на СОЗР од СДС. Зошто Филипче е привилегиран? ЈО мора да почне да работи, потенцира во изјавата Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.