„Ако имаме лидерска средба без суштина и заклучок, подобро е да ја немаме!“.
Ова е последната порака што пред половина час преку ФБ ја упати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со лидерската средба со Ковачевски.
Средбата меѓу премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не се знае точно кога ќе се одржи, ниту пак во кој формат ќе биде. Ковачевски најави средба со Мицкоски и со тимовите од двете страни, а Мицкоски вчера изјави дека преферира тет-а-тет средба затоа што според неговото искуство од тимските средби никогаш не произлегуваат заклучоци.
Ковачевски во четвртокот најави дека наредните денови ќе се одржи средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на која ќе присуствуваат и тимови од двете страни, додека Мицкоски вчера изјави дека инсистира на средба само со Ковачевски.
Теми на разговор, како што најави Ковачевски, би биле одлуките што се потребни за европската интеграција на државата, додека Мицковски смета дека треба да се разговара и за тоа што доколку уставните измени не ја добијат потребната поддршка. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да гласаат за овие измени и дека треба да се оди на есенски избори.