Во вечерашното гостување во дневникот на телевизија Сител, претседателот на најголемата опозициска партија во Македонија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека доколку во недела не е исполнет цензусот, односно доколку референдумот е неуспешен, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги гласа амандманите на Уставот. Тој порача дека позицијата на ВМРО-ДПМНЕ е принципиелна и се темели на Уставот и законите.
-ВМРО-ДПМНЕ ќе завземе принципиелна позиција која се темели на Уставот и законите и ќе покаже дека партиите мора да се менуваат за да можеме да го смениме општеството, односно општеството и државата да бидат водени од законите и Уставот, а не од партиски или политичките елити, истакна Мицкоски.