Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи отворање на Уставот се додека Европската Унија не даде гаранции дека Македонија нема да добие ново вето од Бугарија – вели партискиот лидер Мицкоски.

Мицкоски денеска повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени се додека нема јасна гаранција од Брисел и ЕУ дека земјава ќе влезе во Унијата, без Бугарија постојано да се зканаува со ново вето.

Од власта засега немаат коментар за пакетот уставни измени кои вчера го најавија од Алијанса за Албанците, но велат дека уставните измени треба да се случат, а Мицкоски според СДСМ е против ЕУ.

„Христијан Мицкоски е против ЕУ. Тоа досега многупати го докажал со своето анти европско однесување на штета на државните и национални интереси на граѓаните. Преговорите со ЕУ започнаа, тече скрининг процесот, и не само што нема никаква бугаризација, не само што нема асимилација, туку има македонски јазик во ЕУ и заштитен македонски идентитет. Уставните измени треба да се случат за да продолжи напредокот кон ЕУ се до полноправно членство, велат меѓудругото од СДСМ.