Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостивањето на ТВ Телма истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е спремно за избори и кога и тие да се случат ќе го победи СДСМ, но цената за тоа не смее да бидат изгубени човечки животи.
„Знам дека нашиот политички противник наметнува антикампања дека ВМРО-ДПМНЕ бега од избори, но мојот одговор на тоа прашање може да кажам дека кога и да се случат тие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе го победи СДСМ. Но, повторно ќе кажам, ако цената за тоа е да имаме еден повеќе загубен живот, јас не би сакал да бидам дел од таквото сценарио.“ потенцираше Мицкоски
Тој додаде дека тоа некрофилско сценарио го остава на други политичари кои се длабоко потонати во политичкото мочуриште и бараат сламка за спас.
„И еден ако е жртва, јас не би можел да живеам со сето тоа, бидејќи јас не се чувствуам како човек потонат во политичко мочуриште и ми треба сламка за спас. Се чувствувам дека сум слободен, човек кој цврсто гази на нозе и не му треба помислат дека еден човек повеќе починал затоа што ние сме избразле во одлука кога ќе се случат изборите“, изјави Мицкоски.
Тој нагласи дека на последната лидерска средба Зоран Заев наместо да води грижа за здравјето на граѓаните, тој лиферува со можни датуми за брзи избори, обвинувајќи го Заев дека наместо да брои гласови ќе брои човечки животи.
Генерално тоа што се случуваше на лидерската средба кај претседателот Пендаровски го кажав и на изјавата после средбата. Како претседател на најголемата политичка партија предложив еден алгоритам. Но, она што беше за мене зачудувачки е фактот што од самиот почеток на таа лидетска средба Зоран Заев лиферува со датуми и цело време зборуваше за датуми додека сите останати практично зборуваа за здравјето на граѓаните. За него здравјето на граѓаните беше второстепено, односно велеше 14 јуни па дури потоа споменуваше доколку Комисијата за заразни болести дозволи. И тоа навистина предизвикуваше вчудоневиденост кај останатите, додаде Мицкоски.
Според Мицкоски за фер и демократски изборен процес потребно е и мислењето од страна на Државната изборна комисија и ОБСЕ и ОДИХР, посочувајќи дека потребно е прочистување на изборниот список.
Мицкоски посочи дека доколку цената за победа е дури и еден изгубен човечки живот, тогаш тој одбива да биде идниот мандатар на владата.