Во вечерашното издание на емисијата “Што не е јасно?” гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски.
Во однос на понудените мерки и проекти од страна на ВМРО-ДПМНЕ од кои се очекува економски развој кој ќе ја придвижи економијата напред, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потенцираше дека тоа се мерки кои за кои што тој ја превзема сета одговорност дека ќе се исполнат во наредните четири години, односно во новиот мандат на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ и јас како претседател ги разгледавме сите можности и проекти за придвижување на економијата, односно остварување економски раст. Математиките и домаќинското работење кое ќе го практикува наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ предвидува 20% покачување на просечните плати и 25% покачување на пензиите. Исто така, тврдам дека во рок од четири години растот на бруто домашниот производ ќе биде најмалку 4%”, вели Мицкоски.
Тој додава дека гледиштата на ВМРО-ДПМНЕ се дека досега беа водени грешни политики од страна на сегашната власт и дека тоа мора да се промени со цел подобрување на стандардот.
-Нашите мерки и проекти кои ги предлагаме тоа ќе го остварат. Нема да нудиме само популистички мерки, туку реални мерки и проекти кои конечно ќе донесат подобар стандард на граѓаните на Република Македонија, заврши Мицкоски.