Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во седиштето на опозициската партија го прими министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто кој додели помош за земјава за справување со коронавирусот.

Мицкоски се заблагодари за помошта од пријателската земја.

„Нашиот народ вели пријателите се познаваат по неволја, а Македонија има пријатели. Благодарност до Унгарија и до целиот унгарски народ што во вакви тешки моменти демонстрира хуманост и споделува помош која е добредојдена за оние кои што се во првите линии во борбата против оваа пандемија на корона.

Воедно благодарност и до унгарскиот премиер Орбан и министерот за надворешни работи Петер Сијарто, што ова е прва меѓудржавна посета откако се затворија границите и настана кулминацијата на пандемијата со корона. Во услови на затворени граници ова е официјална посета на земја члена на Европската Унија во овие кризни времиња.

Благодарност и за брзата реакција на унгарската влада. Минатата недела
остваривме комуникации и соопштивме дека е потребно помош, а денес таа помош се реализира.“, рече Мицкоски.