Царинската управа успеа да забележи приходи од прилика нешто над 12,6 милијарди денари што претставува рекорд во историска смисла што не се случил никогаш откако постои, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски при посетата на реконструираната Клиника за уво, нос и грло.

-Главните два потока, со кои што се полни буџетот доаѓаат од Царинската управа и Управата за јавни приходи. Заедно со министерката за финанси имаме личен фокус на работењето на овие две институции и можам да кажам дека во јули, конечно после онај период на стабилизирање и заздравување на македонската економија, и двете институции забележаа исклиучително добри резултати, изјави премиерот Мицкоски.

Царинската управа успеа да забележи приходи од прилика нешто над 12,6 милијарди денари, или 10тина милиони евра приходи повеќе од истиот месец минатат година рече премиерот.

-Царинската управа успеа да забележи приходи од прилика нешто над 12,6 милијарди денари што претставува рекорд во историска смисла што не се случил никогаш откако постои. И покрај одредени високи пикови на горивата и нафтените деривати во минатото, и покрај некоја просечна цена која што сега ја имаат и приходите од акцизата кои што се помали, бидејќи тие ја следат цената на нафтат и нафтените деривати. Царината успеа да забележи повеќе од 10тина милиони евра приходи од истиот месец минатата година, појасни Мицкоски и додаде:

„Истото се случува и во УЈП, која што има близу милијарда повеќе наплатено за истиот месец од минатата година дена, и притоа имаме поголем нето ефект за 7-8% споредено со минатат година, со тоа што повратот на ДДВ е поголем за 30% споредено со истиот месец од минатат година. И двете институци бележат историски резултати, а тоа значи дека се работи на намалување на сиват економија и се работи на зголемување на дисциплината“, додаде Мицкоски.