Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денска изјави дека повторно се гледа како пресметката со политичките неистомисленици продолжува, уште пред да биде обзнанена пресудата за Чавков, него го приведуваат на мафијашки начин со измислена белешка.
– Пред практично да биде пресудата обзнанена од страна на судијата кој што е одговорен овој процес каде што е опфатен господинот Чавков, МВР издава наредба да се приведе на истиот метод на истиот начин полумафијашки јас би рекол како што беше претходно за други двајца поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, со службени белешки, измислена службена белешка измислена куќа во една наша соседна држава, вели Мицкоски.
Тој посочи дека тука веќе има две суштински работи тоа е дека некој ја знае веќе пресудата, а другата е се разбира осветољубие и ништо друго.
– Го имаме овој мафијашки пристап во кој се следи лицето кое што треба да биде осудено и егзекутирано се апси, се приведува а основа претставува службена белешка која е симптоматична белешка со тврдење дека се подготвувал да избега во викендицата која е во соседна држава, а семејството еве излезе и демантира, а впрочем е и лесно да се провери дали има, нагласи Мицкоски.
На прашањето дали тој очекува да се потврди информација дека Митко Чавков ќе биде осуден на 14 години затвор, тој одговори:
–Па јас имав слушнато и подолг период за жал, и очекувам дека вкупната пресуда којашто ќе се случува во петок ќе биде преку сто години за сите обвинети од 27-ми април, и тоа ќе биде практично Нимбершки процес за прв пат запаменет во поновата историја на Република Македонија, истакна Мицкоски.
Тој додаде дека сето ова претставува одмазнички пристап и ништо друго.
– Од друга страна го имаме овој мафијашки приспат кога се следи лицето коешто треба да биде осудено, егзикотирано, се апси се приведува, а основа за тоа претставува една службена белешка којашто е помалку или повеќе симптоматична со тврдење дека се подготвувувал да избега во викендичка којашто ја имале во една соседна држава, додаде Мицкоски.