Честит 13-ти Ноември, денот на ослободувањето на Скопје, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски.

-Да се потсетиме со гордост на храброста и жртвата на сите што се изборија за нашата слобода. Нека духот на единството, достоинството и љубовта кон градот не води и понатаму да го чуваме и градиме Скопје како место на мир, култура и заедништво, напиша премиерот.