Шесте закони што треба да изработат во Правда, се сведуваат само на едно – повисоки плати за судии и обвинители кои имаат рејтинг два проценти, одговори на новинарски прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицковски, при денешната посета на општина Гази Баба. Тој дополни дека во моментот се прави компаративна анализа колкав е процентот од буџетот кој се одвојува во европските земји, и нагласи дека како што е таму, ќе биде и кај нас, но и дека обврската е преземена и мора да се испорача, но не планира да бара од пратениците да поддржат закони „со кои ќе треба да се зголемат, двојно, тројно примањата на оние кои имаат рејтинг само да проценти“.
-Во Правда во фаза на изработка се неколку закони, законот за судови, законот за обвинители, законот за судски совет, законот за совет на јавни обвинители, законот за обвинителска и законот за судска служба. Тоа се носечки шест закони. Тие имаат еден заеднички именител, тоа е повисока плата за судиите и за обвинителите, тоа е реформата. Ова е реформата којашто треба да се случи. Ако некој очекува дека реформата ќе биде, не знам што – не е така. Ова го бараат, повисоки плати за оние коишто наместо да се автори на правда, се автори на неправда. Но во ред преземавме обврска мора да се испорача, рече премиерот.
Во моментот, прецизира, правиме компаративна анализа колкав е процентот што се издвојува од буџетите во другите европски земји за овие институции.
-Од нас се бара да имаме да речеме двапати повеќе од некои многу, многу побогати земји од ЕУ. Треба тоа да го направиме? Двапати повеќе да ги платиме овие со два посто рејтинг од тие како една би рекол многу богата за западно-европска земја, членка на ЕУ, не мислам така. И откако ќе ги собереме податоците со Министерството за финансии, ќе појдеме и во Европската комисија и ова ќе го аргументираме, затоа што ние не можеме тоа да си го дозволиме. А, уште помалку јас сакам како претседател на Владата да барам од пратениците во Парламентот да гласа закон во којшто ќе се зголемат, двојно, тројно примањата на оние коишто имаат рејтинг два проценти, тоа не може, посочи Мицкоски.
Во однос на другите два закони, кажа дека претходната власт го избришала ставот 5 и направила генерална амнестија и нагласи дека ќе се врати, но како што треба, по претходно спроведена компаративна анализа со земјите од ЕУ, за да се знае точно-што е голема, што е мала злоупотреба и за да не се користи за пресметка со политички неистомисленици.
– Сега одиме за другите два закони законот за кривична постапка и на кривичен законик, тука претпоставува мислите на членот, 353, односно оној ист Кривичен законик, којшто владата на СДСМ и ДУИ го донесе злоупотребувајќи го европското знаме, бришејќи го ставот 5 со што направи генерална амнестија. Денеска кога ќе побара некој граѓанин ќе ми рече, зошто овој не е приведен зошто овој не е уапсен, зошто овој нема кривична … затоа што си го избриша законот, многу едноставно. Затоа што застареа делата, тие коишто беа предмет на ставот 5 којшто веќе не постои, тие велат извинете овој став, не постои јас сум си невин. Ама милионер си, милијардер, тоа е, таков е законот. Ама и да ги вратиме, а ќе ги вратиме тие секогаш ќе се повикуваат на оној закон којшто за нив е поповолен, така функционира вадењето на правото, изјави Мицкоски.
Премиерот најави дека ќе биде донесен, до крајот на годината, по претходно подготвена споредбена анализа со земјите од ЕУ и ќе биде информиран и Уставниот суд.
– Е сега ние ќе го вратиме ама ќе го вратиме како што треба и направивме компаративна анализа со луѓе од мојот кабинет, како е во Франција како е во Германија како е во Словенија како е во Шведска и во другите земји итн. итн. и како е таму, така ќе биде кај нас. Но мора да се знае точно што значи злоупотреба, затоа што утре повторно може да дојде некоја влада и повторно може да упаѓаат со шмајзери и со маскирни одела во домови на пратеници или на луѓе коишто не сториле криминал затоа што некој сака политички да се реваншира. Тоа нема да го дозволиме. Така што работиме на ова, и до крајот на годината ќе биде донесен ќе го информираме Уставниот суд дека работиме и ќе го донесеме, но како што треба. Да се знае точно што е голема злоупотреба, што е мала злоупотреба и така и нема да дозволиме тој да биде политичка алатка за пресметка со политички неистомисленици, исто така законот за кривична постапка. Така што сето ова имавме некни состанок комитетот за планот за раст, одговорните министерства. На тој состанок сите се погледнавме во очи и сите констатиравме во суштина дека сме најдобри. Не се („фронтранери“), Црна Гора, Албанија ние сме, ние сме, само некако тоа срамежливо го кажуваме. Затоа закажавме брифинг со новинари мислам дека на 19-ти треба да ме потсетат од кабинетот со примери, со бројки, но за жал ние имаме други пречки коишто тие ги немаат, којшто никој ги нема, рече премиерот Мицкоски. ам/вј/