Ако оваа реалност не ја променте тогаш луѓето ќе остарат. Кога ќе видиш некој како му поминува целиот живот како го проаѓа во истиот шаблон, уверен дека така мора да биде, дека не зависи ништо од него, мора да направиш чекор и да ја промениш таа реалност, вели Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на митингот од Велес.
Не мора да е така! Вашиот животен пат не е константа и не фиксен. Вашата траекторија не е определена од други туку зависи од вас самите, рече тој.
Мицкоски рече дека една одлука може да го промени животот на секој граѓанин, додавајќи дека со масовно излегување на изборите и гласање може да се промени оваа тешка реалност.
Ако го промените начинот на живот, со една одлука која може да значи многу, ќе излезете од тој хаос. Една одлука може да ви го промени животот. Затоа вие сте силата која тоа единствено го може. Ние сите можеме заедно да ја промениме тешката реалност, вели Мицкоски и додаде: Твојот глас одлучува излези и гласај за себе и за своите најблиски.
Претходно, во Чашка, Мицкоски на граѓаните им порача да си го постават прашањето дали сега живеат најдобро, додавајќи дека тој одговор кажува каква одлука треба да донесат на 17-ти октомври.
Секој еден од вас треба да одговори на прашањето дали живеете најдобро? Тој одговор го слушам дека е не насекаде низ Македонија дека не само што луѓето не живеат најдобро, туку никогаш не било полошо, Овие избори се локални, но со едно суштинско и подлабоко значење, бидејќи од вашиот избор, од вашата одлука зад параванот зависи колку сакате да се променат работите. Изборот се сведува на тоа дали ќе ја дозволите нивната ароганција со која ви велат дека се најдобри, тогаш кога се најлоши, да продолжат разочарувањата, неисполнетите ветувања, убавите лажни зборови кои носат болна иднина, или заедно ќе почнеме процес на промени, вели Мицкоски.
Ќе дадете шанса да создаваме заедно новa, поубава иднина заoснована на реални потреби и да покажеме сите заедно дека зборот вреди. Да го менуваме системот, да не се потргнуваме настрана пред оние кои не знаат, не можат и не сакаат да ја видат Македонија успешна, рече Мицкоски.