Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека ќе поднесе оставка во услови на истрага за тоа дали користел државни средства за да плати за поволни анкети за јавното мислење и за вести во медиуми, пишува Курир.

Курц, кој ги негира обвиненијата објави дека министерот за надворешни работи Александар Шаленберг ќе ја преземе функцијата канцелар.

Овој потег доаѓа откако австриските обвинители го именуваа овој политичар како осомничен во случај со употреба на јавни средства за плаќање позитивно медиумско покривање.

-Мојата земја ми е поважна од мене, рече Курц.

Курц се терети дека Владата финансирала агенции кои го мерат рејтингот, па овој канцелар поднесе оставка поради тоа. Во Македонија, Владата отворено ја финансира својата омилена агенција „Рејтинг“, а официјалните податоци од Јавни набавки говорат колкави се сумите кои оваа агенција ги добива.

Имено, на сметка на „Рејтинг“ кој го мери рејтингот на Заев и неговата партија, добива милионски тендери.

Владата со која раководи Зоран Заев, министерства, општини со кои раководат луѓе од СДСМ, јавни претпријатија под капа на директори поставени од партијата на Заев…. за низа јавни набавки доделуваат високи суми на пари на Друштвото за менаџмент и консултанстки активности Агенција РЕЈТИНГ СП-М ДООЕЛ Скопје.

Официјалните податоци ги пренесуваме во продолжение.