Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска ќе соопшти добра вест за македонското стопанство.

-Денес ќе соопштам добра вест за македонското стопанство! 100% #Посветени, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Инаку, Мицкоски денеска ќе присуствува на отворање на нова училишна сала во ООУ „Наум Охридски“ во населеното место Булачани во Општина Гази Баба.

Вкупната инвестиција на проектот изнесува 29.680.000 денари.

Ова училиште добива училишна сала после 61 година од своето постоење.