Денот го завршувам со посета на нашите иселеници во Хрватска, како и со посета на црквата Св. Злата Мегленска, информира премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук.
-Имав топол пречек од парохискиот свештеник Кирко Велински и членовите на црковниот одбор во црквата Св. Злата Мегленска во Загреб. Благодарност за прекрасниот подарок со ликот на заштитничката Св. Злата Мегленска.
Се сретнавме и со македонската дијаспора со која разговаравме на многу теми како може да им помогнеме како Влада и како тие можат да придонесат за нашата заедничка татковина.