Во вечерната емисија на ТВ Алфа, гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој им порача на граѓаните да не се плашат.
-Деспотот е на колена знаеме кои се тие што притискаат, ќе одговараат, рече тој.
Мицкоски додаде дека на дневна основа добива десетици сведочења од страна на администрацијата дека врз нив се прави жесток притисок од страна на неколкумина верни послушници на Зоран Заев.
-Сакам да им порачам овде од Охрид при крајот на кампањата на сите оние верни граѓани на Репубика Македонија, лојални граѓани на Република Македонија и чесни домаќини луѓе, домаќинки, честити луѓе, да не се плашат бидејќи деспотот е на колена и доаѓа крајот на ова несреќно владеење на СДСМ и на Зоран Заев, истакна Мицкоски.
Според него, по формирањето на нова честита влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе ги казни со што тие што сега уценуваат за гласови ќе одговараат пред законот.
Мицкоски вели дека се останато што ќе биде поразлично од победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде или некаков изборен инженеринг или тежок фалсификат што ќе се случи во Република Македонија.