При денешната посета на општина Гази Баба претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на континуитетот на закани за бомби по училиштата и дали тоа е слабост на системот истакна дека МВР се однесува аматерски, директорите на скопските училишта добиле насоки од МВР да ја игнорираат електронската пошта, претседателот Пендаровски молчи и тактизира и не свикува совет за безбедност а во МОН има епска неспособност.

„Јас денеска добив уште една уште пошокантна информација, не знам колку е точна, треба да се провери, со неколку директори во училиштата во Скопје и во основните и во средните, дека биле посетувани, повторно поставувам како дилема, биле посетувани од страна на припадници на Mинистерството за внатрешни работи и биле советувани да ги игнорираат дојавите кои што стигнуваат на службените емаил адреси, односно на електронска пошта, да ги игнорираат како тоа да не се случува, па дури и некој биле советувани и воопшто да не ја отвораат електронската пошта. Со други зборови претседателот молчи, кога треба да е најгласен наместо сега кога сме цел на еве според нив хибриден напад да го свика советот за безбедност тој молчи, тактизира, не добива насока од неговиот стопан, никаде го нема, ќе го слушните тука таму со по некоја егзибионистичка изјава, никаде го нема, МВР ако ова е точно аматерски се однесува, односно наместо да спречи и да превенира, тие дополнително ја загрозуваат безбедноста на учениците, а МОН јас немам што повеќе да додадам за тој министер таму кога измина годината се уште нема учебници, станува збор за епска неспособност и епски најнеспособниот министер што за жал поради определени коалициски гимнастики се уште е министер за образование. Но не за долго, реков месеци не делат кога конечно Македонија и граѓаните ќе се ослободат од овие неспособни луѓе ќе дојдат луѓе кои што знаат како да се справат со предизвиците. За жал повторно ќе кажам ние се соочуваме со максимално криминални и неспособни политичари, кои што немаат стратегија и не знаат како да се справат со предизвиците, а жртва се најмилите а тоа се нашите деца учениците без разлика дали се тоа во основните или во средните училишта. После егзибициите со КОВИД денеска еве со месеци сме сведоци на епска неспособност од страна на надлежните и ресорни министерства“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски беше запрашан и за став за последниот скандал кој што излезе во медиумите даде што градежна фирма, пред да добие милионски тендер за изградба на автопатот Скопје – Блаце, продала хотел на Попова Шапка по цена од 50 илјади евра на фирма за која се пишува дека е на лице блиско до ДУИ.

Мицкоски истакна дека тоа е уште еден сликовит и еклатантен пример дека последните гласања во Собрание за избор на новата влада не е за промена на уставот цел отворање на преговорите со Европската Унија, туку тоа е гласање за продолжување на ваквиот криминал каде што по цена на гарсониера се купуваат хотели а Попова Шапка, од лице блиско до раководството на ДУИ.

„Тоа е уште еден сликовит пример дека не се гласа за промена на Устав, туку се гласа да ова продолжи, да криминалот продолжи за по цена на гарсониера се купува хотел на Попова Шапка. Има ли поеклатантен пример за срамот и за криминалот што ни се случува? Значи, по цена на гарсониера се купува хотел и е платен, според она што можев да го прочитам од медиумите, од лице кое што е блиско до раководството на Демократската унија за интеграција. И сега, што треба ние повеќе да зборуваме? Просто, човек да се срами што е дел од оваа политичка сцена на која што мора да го дели просторот со тие луѓе“, рече Мицкоски.