МИЦКОСКИ ДО ВЛАСТА: Ќе дојде денот кога „храбрите“ Кацарска и Рускоска ќе пропеат за нарачките и уцените

/ 05.12.2018

На вечерашниот марш на опозицијата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски порача дека на виделина ќе излезат сите притисоци во судството кои во моментов се случуваат.

-Сакате да монтирате случаи, повторно сакате сите да судат по принципот на „Кацарска судството“, сакате сите да обвинуваат по примерот на „Русковска обвинителството“? Едно да ви порачам. Не се тие двете толку храбри. Ќе дојде денот кога тие ќе ви го завртат грбот и кога истите тие ќе пропеат за сите нарачки и за сите уцени кои што им ги правите преку своите адвокати и тоа нема да ви го прости овој народ, потенцираше Мицкоски во својот говор пред насобраниот народ.

Тој се осврна и на аферата со опремата за прислушување во ЈО:

Фантастично голем скандал ќе излезе, ќе пронајдат документи, ќе пронајдат опрема која што повеќе од две години ги слушала сите обвинители и судии. Потоа нема да знаат како да го излажат сопствениот народ, нема да знаат како да се исперат од овој скандал, па најпрвин ќе речат на 30 септември 2016 година започнавме до ден денешен, за другиот ден да им текне што кажале, ќе се вратат пак на прес конференција ќе речат од 2013 година е ова Христијан е виновен тогаш тој бил во кабинетот на тогашниот премиер, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-За бадијала се мачите, за бадијала се трудите и мене да ме извалкате и да го извалкате името на ВМРО-ДПМНЕ. Вие сте ловците на македонскиот народ, рече Мицкоски кој се обрати на протестниот марш и додаде:

„Како да веруваме дека има независно обвинителство кога ќе излезе министерот за внатрешни работи ќе каже материјалите се на безбедно, а каде се материјалите, кај него во фиока за да може да ги уценува обвинителите и судиите“.


Од истата категорија