МИЦКОСКИ ДО ЗАЕВ: Ајде на избори, избори не за фотелји, туку за Македонија!

/ 12.01.2019

Излезете на избори, не се тоа избори за фотелји, тоа се избори каде ќе победи народот, ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, за да победи достоинствена Република Македонија, им порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на СДСМ и Зоран Заев на денешната прес-конференција.

-Македонија е фрлена на колена, не само во поглед на името, туку и во економијата, уништеното здравство, неквалитетно образование, земјоделието. По капитулацијата на Заев со името, тој најавува нова капитулација, општетствена, економска, политичка, образовна, здравствена. Видовме досега дека не ги бива и како што Заев лажеше пред две години дека ќе имало 500 евра просечна плата, дека докторите ќе имале 100.000 просечна плата, дека ќе изградел 600 километри автопатишта, нова клиничка болница, поврат на ДДВ, ќе имало зголемени стипендии за студентите, зголемени пензии за пензионерите, загарантиран откуп за земјоделците и што ли уште не, истите тие лаги ги гледаме и слушаме денес. Но, ова е друго време, денес веќе никој, ама баш никој, не му верува на Заев. Денес е докажано дека не можат, не умеат и дека со секој ден ќе биде се полошо. По капитулацијата со името, ако остане оваа Влада следува нова капитулација, во економијата и во општетството. Затоа Заев, и вие од осрамениот СДСМ, не бегајте од одговорноста, немојте да се криете зад партиските одлуки, како што се криевте зад гласовите на 81 пратеник за да ја погазите волјата на народот. Излезете на избори, не се тоа избори за фотелји, тоа се избори каде ќе победи народот, ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, за да победи достоинствена Република Македонија, нагласи Мицкоски.


Од истата категорија