Во моментот како ВМРО-ДПМНЕ се концентрирани на изработка на програмата, бидејќи навистина цениме дека состојбата во која се наоѓа Македонија се многу лоша, во сите области. Подготвуваме квалитетна програма и единствената понуда која ја очекувам од владата е час поскоро да биде распуштен парламентот и да одиме на предвремени парламентарни избори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Алсат М.

Мицкоски истакна дека како сконцентриран како претседател на ВМРО-ДПМНЕ е на програмата, а потоа граѓаните и бројките ќе дадат одговор како ќе изгледа следната влада на Македонија и посочи дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ како една од основите задачи ќе биде нула толеранција за криминал и корупција.

– Ги цениме позициите на нашите стратешки партнери, вклучително и на амбасадорот Агелер, тоа значи, секоја една изјава од искусни дипломати е добредојдена. Но, ова е наше внатрешно прашање.  Корупцијата и криминалот се внатрешно прашање и тоа треба самите да го решиме, не смееме да очекуваме дека некој од надвор ќе дојде и ќе го реши тоа прашање. А дали има криминал и корупција не треба некој од надвор да ни кажува сите сме сведоци, секој ден по некој наш сограѓанин  гледа некој кој сведочи а огромното ниво на криминал и корупција, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека сите кои имаат одредена политичка заштита, а сториле криминал треба час поскоро да бидат изведени пред лицето на правдата.

Во однос на ДУИ, тој истакна:

-Нашиот став многу пати сме го кажале и тој е непроменет, а тоа е дека очекуваме промена во составот на владата, односно 20 години присуство на ДУИ во владата е предолг период. Треба да се даде можност и прилика и на други.

Мицкоски потенцира дека консолидираната група на политичари и политички субјекти кои ќе се спротивстават на ДУИ на следните избори ќе постигне добар резултат.

-Барем нашите анализи се такви. Мислам дека тие малкумина во раководството на ДУИ по следните парламентарни избори ќе бидат изненадени непријатно од резултатот и ценам дека бројот на пратеници на тој консолидиран блок кај Албанците во Македонија заедно со останатите етнички заедници може да состави Бадентерово мнозинство во парламентот, изјави Мицкоски.

Во однос на избори Мицкоски изјави дека има три опции, првите две претседателски во март, а парламентарни во јуни, или едни заеднички, според најавите од владата, но трета опција е брзи избори оваа есен.

Третата опција е да имаме избори оваа есен со тоа што ние како ВМРО-ДПМНЕ се согласуваме во измени во Изборниот законик да практично биде избришан оној дел од техничката вада, да може оваа Влада да ги подготви тие избори и да одиме на брзи парламентарни избори. Ценам дека оваа трета опција би била најдобра за иднината за граѓаните и иднината на Македонија.