Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Анализа“ на телевизија 24, коментирајќи го францускиот предлог и изјавите на Ковачевски и Османи дека се уште немаат увид во истиот, рече дека според неговите информации истиот е усогласен со македонското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека нема да си дозволи француската влада и Макрон да пратат предлог и тој претходно да не го усогласат со некакви канали за комуникација.
Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој? Ајде да зборуваме за португалскиот предлог, што нашата влада го прифати, нели велеа го прифаќаме. Ајде да зборуваме за се што било порано. Зошто сега сето ова не чинело за Радев и наеднаш ова е добар предлог, најдобар. Сега ние треба како сериозни луѓе да си го ставиме прстот на чело и да размислиме што правиме и каде одиме? И дали треба воопшто треба да размислуваме и да губиме време или треба веднаш да го отфрлиме. Затоа што секој ден тактизирање на владата значи дека овој предлог е следната преговарачка позиција и одиме нагоре што се однесува до бугарските барања. Ова не е одговорно од Владата што молчи, дециден е Мицкоски.
Според него, последниот предлог од Франција не ветува почетокот на преговори, тоа е само фотосесија во Брисел. Не се вели никаде отпочнување на преговори, туку дополнително уставни промени кои треба да ги вклучат бугарските барања
Требаше до сега да излезе Владата и да каже. Нема да си дозволи француската влада и Макрон да пратат предлог и тој претходно да не го усогласат со некакви канали за комуникација. Еве јас ви кажувам од моето искуство дека тоа е невозможно. А моите информации велат дека прецизно е усогласено со каналите за комуникација во нашето Министерство за надворешни работи, рече тој.
Според Мицкоски, францускиот предлог не е добар за иднината и народот на државата.
Јас велам дека тоа не е добро за мене, иднината на оваа држава и за мојот народ. Тоа е мојот став, нагласи Мицкоски.
Втора работа што треба да се каже е дека Договорот за добрососедство станува дел од преговарачкиот процес заедно со протокол кој никој жив не го знае. Ако ние не ги смениме учебниците утре, тогаш ќе речат дека го прекршуваат Договорот и тоа е тој протокол за да стават вето. Главниот играч е претседателот на Бугарија, Трифонов е политички играч. Радев е главен креатор на политиката и неприкосновен и сега го споредуваме со шоумен. Ако тој вели дека тој предлог е добар, зошто никој не се врати два чекори назад и да зборува за германскиот предлог во времето на Меркел или португалскиот? Дали треба да губиме време да размислуваме или дека треба веднаш да го отфрлиме. Ова е неодговорно од владата што молчи. Требаше да излезе со став. Си дозволи Макрон и владата да пратат предлог, а тој да не го усогласат со некои канали, а е прецизно усогласен со каналите на МНР според моите информации. После овој предлог не сме подготвени на ништо. Ќе се отвори патот за Албанија, а ние треба да исполниме уште некој услов. Бугарија нема барања кон Албанија, ама има кон нас – рече Мицкоски.